Дибала го напушта Јуве!

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 22.03.2017 - 12:08

Според пишувањата на „Мундо Депортиво“, Дибала на лето ќе направи сензационален трансфер и ќе се пресели во некој од шпанските гиганти, Реал Мадрид или Барселона.


Овој 23-годишен фудбалер се уште го нема договорено продолжувањето на соработката со „старата дама“, па иако двете страни потврдија дека се блиску до договор, сепак главен проблем е интересот на Реал и Барса. Неофицијално, каталонскиот гигант веќе имал неколку средби со 23-годишниот фудбалер, кој следната сезона би можел да се приклучи на големото трио, Меси-Суарез-Нејмар. „Мундо Депортиво” открива дека за трансферот на овој млад играч е задолжен и Лионел Меси, кој во својот сонародник гледа свој наследник. Сепак, Реал Мадрид е спремен да направи се за да го донесе Дибала на „Сантиаго Бернабеу“ и до крај ќе се бори за неговиот потпис.