Џоли со моќен говор против сексуалното насилство

Џоли со моќен говор против сексуалното насилство

Анџелина Џоли имаше свое обраќање на конференцијата за мировни мисии на ОН во Ванкувер.

Таа во својот моќен говор кажа дека токму сексуалното насилство претставува критична пречка за постигнување на еднаквоста на жените и ускратување на  сите нивни човекови права.

-Сексуалното насилство е насекаде. Во индустријата која работам, во бизнисот, на универзитетите, во политиката, низ целиот свет. Најчесто, овие видови злосторства против жените се исмејувани. Прикажани се како прекршок извршен од човек кој не може да се контролира себеси, како болест или претерана сексуална потреба. Но, човекот кој ги малтретира жените нема претерана сексуална потреба, тој е насилник, додаде Џоли.