Џиџи Хадид поради расизам забранета во Кина

Џиџи Хадид поради расизам забранета во Кина

Се чини дека на Џиџи Хадид и се заканува забрана за влез во Кина, бидејќи нацијата е навредена од нејзината шега на сметка на Буда.

Ова ќе биде голем проблем за успешната манекенка, бидејќи познатото Victoria’s Secret шоу ќе се одржи во таа држава.

Таа вчера им се обрати на своите фанови преку Твитер дека нема да учествува на таа модна ревија.

Тажна сум што нема да бидам во Кина оваа година. Ја сакам мојата VS фамилија и со духот ќе бидам со нив. Не можам да дочекам да видам како се ќе изгледа, а знам дека дека шоуто ќе биде преубаво. Со нетрпение чекам да бидам дел од тоа следната година – напиша Џиџи.

Иако не објави поради која причина нема да присуствува на ревијата, фановите и медиумите се сигурни дека проблемот настанал поради шегата која манекенката ја направи оваа година.