Џенова освои бод на гостувањето во Торино

Џенова освои бод на гостувањето во Торино

Џенова освои бод на гостувањето во Торино во натпревар од 19.коло од Серија А со истоимената домашна екипа.

Со овој бод Џенова е во серија од три натпревари без пораз и со 18 бодови се наоѓа на 16.место на табелата.

Воедно ова беше единствениот дуел од 19.коло одигран попладнево на кој немаше голови – 0:0.

За одбележување е и првата победа на Беневентово Серија А. Оваа екипа на домашен терен го совлада Киево со 1:0 со голот на Масимо Кода во 64.минута.