Џенифер Лопез заблеска на насловната на Paper магазинот

Џенифер Лопез заблеска на насловната на Paper магазинот

Џенифер Лопез на Инстаграм ја објави насловната страна од специјалното Лас Вегас издание Пејпр магазин на која позира во уникатен кристален фустан.

Актерката и пејачката објави неколку фотографии од снимањето на едиторијалот, и за краток период собра многу лајкови и позитивни коментари.

Таа блескаше на секоја фотографија притоа покажувајќи ја својата совршена фигура. Во интервјуто Лопез откри како е чуството да се настапува во Лас Вегас и објасни зошто е тој за неа најсекси град на свет.

Мислам дека луѓето тука доаѓаат да се опуштат и убаво да си поминат и сметам дека има нешто секси во тоа – изјави таа.

Убавата пејачка и сама призна дека се опушта секој пат кога настапува во Лас Вегас. Работам на перформансот, но тој доста бара од мене, така да некако останувам во режим кога сум тука. Името на Шоуто е Се што имам, така да не можам да излезам пред публиката и да им дадам само пола – изјави таа.

Покрај честите настапи, Џенифер ја снима третатат сезона на серијата Плави нијанси во Њујорк. Новите епизоди ќе бидат пркажани следната година, но продукцијата почна со снимање веќе во Јуни оваа година.