Џенифер Анистон и Риз Витерспун повторно заедно на ТВ по Пријатели

Џенифер Анистон и Риз Витерспун повторно заедно на ТВ по Пријатели

Џенифер Анистон и Риз Витерспун добија зелено светло за реализација на нова серија, која ќе ја гледаме наредна година.

Нарачани се две сезони на сеуште неименуваната серија, која ќе се работи за луѓе кои работат на една утринска ТВ емисија и кои се соочуваат со предизвиците на работа.

Џен и Риз се извршни продуценти на серијата и ќе ги имаат главните улоги во неа, а ова ќе биде прв пат да работаат после 18 години кога глумеа сестри во серијата Пријатели.

Многу сум возбудена што повторно работам со оваа прекрасна и единствена жена. Со нетрпение очекувам да ја гледате – напиша Риз на Инстаграм.