Џен Атор од “Women’s Health” открива која е магичната формула на луѓето со фит тело”

Џен Атор од “Women’s Health” открива која е магичната формула на луѓето со фит тело”

Дали е возможно да бидете фит без многу труд ќе ви одговори  Џен Атор, директорка за фитнес на сајтот “Women’s Health”, а одговорот е краток и јасен: “Да, постои магична формула”.

“За повеќе од осум години колку што сум на чело на рубриката за фитнес на “Women’s Health”, поминав илјадници разговори за здрав живот, исхрана и фитнес совети во кои луѓето најчесто бараат еден најдобар одговор, магична формула со која нивната промена конечно ќе стигне. А мојот одговор секогаш беше ист – за вистинска промена морате прво да го промените своето мислење”, напишала Атор во статијата во која пробала максимално да ја поедностави оваа “магична формула”.

Само едно нешто е важно, а тоа е да го промените размислувањето и животните навики кои треба да ве доведат до подобра линија, повеќе сила, помалку стрес и целокупно задоволство. А сето тоа е возможно со помош на следните правила.

Бидете активни секој ден

Многумина мислат дека за вистински промени мораат да се подложат на интензивно вежбање, со што си создаваат паника во главата, наместо да почнат да размислуваат дека за здрав организам потребно е да се биде активен секој ден. Тоа значи дека треба помалку да седите, а повеќе да се движите. Само три склекови дневно и прошетка од десет минути се совршен почеток. На крајот, фит личности не се оние кои постојано се во теретана, туку оние кои се активни секој ден.

Не се “убивајте во поим”

Многумина се откажуваат од фит животот бидејќи буквално се убиваат од тренинзи, мислејќи дека само така ќе постигнат резултати, а не се свесни дека премногу интензивните вежби без доволно одмор можат да бидат разорни за здравјето.

Со тоа, преинтензивното вежбање сè повеќе се поврзува токму со она што со оптималното вежбање би требало да се избегне – тоа е стресот, вишокот на килограми, уморот и болестите.

Внимавајте зошто јадете

The pain started at mile 9. But I didn't stop. The sun hit hard around mile 16. But I didn't stop. My music died at mile 20. But I didn't stop. The last six miles had me wincing with every step. But I didn't stop. When I hit the hill with 300 meters left, I pumped my arms and charged up it as hard as I could. When I hit the straight away with 200 meters left, I pushed with every last ounce of energy I had through the finish line. . Coming into Chicago, I wasn't 100%. I had been battling some pain & injuries for the last month, and knew it was going to be a toss up of how the day went. I had only one main goal: to leave it all out there on the race course. I had a secondary hope of going under 4 hours. I'm proud to say I did both. . A lot of people think it's crazy to run a marathon. And it is, no question. But on days like today I'm reminded of the invaluable, irreplaceable lessons. A marathon allows you to practice suffering; it forces you to step up–to choose to thrive amidst unfavorable circumstances. It builds grit, and resilience; it produces character, and hope. It humbles, but also highlights moments of surprising strength–like when you feel completely broken, but you somehow refuse to quit. . Despite the pain, I'm filled with gratitude. A huge thank you to the volunteers, the fans, the police, and the city of Chicago. It was a far from perfect day for me personally, but you all made this experience–my 2nd marathon–pretty damn unforgettable. ❤️🏅✨

A post shared by Jen Ator (@jen_ator) on

“Дали забележавте дека го употребив зборот “зошто” наместо “што”, напишала Џен и објаснила зошто е тоа така.

“Многу луѓе јадат дури и кога реално не се гладни и тие оброци најчесто се најголемите виновници за лошата линија или лошата состојба на организмот”.

Затоа можеби, наместо на порциите, па дури и на самиот избор на храна, треба да припазите и на тој фактор “зошто” бидејќи многумина јадат кога се чувствуваат тажно, кога се депресивни или кога претходните оброци ќе им го расипат апетитот.

Во ваков случај кога ќе почувствувате потреба за храна, но не сте вистински гладни, пробајте да ја елиминирате причината која доведува до зголемен апетит. Доколку сте тажни или депресивни, дишете длабоко и опуштете се – медитацијата има поголема корист од тешењето со храна.

Повеќе уживајте во брзата храна

Но, “брза” во овој случај значи здрави оброци кои можат да се направат едноставно и брзо, само ви е потребна подобра организација. Купувајте храна еднаш неделно, а пред тоа направете план. Здравата храна се подготвува многу брзо и лесно, а остатоците од вечерата секогаш можете да ги припремите во облик на ручек за следниот ден со што би ги одбегнале нездравите оброци кои ги консумирате во работното време.