Џејмс Марсден во новата реклама на Hugo Boss

Новата кампања на брендот Hugo Boss за есен-зима 2017 е наречена “Own Your Journey”, a главната ѕвезда на кампањата е глумецот Џејмс Марсден.

 

Марсден совршено одговори на креативниот предизвик, појавувајќи се на серија фотографии во костими и во одлични морнарски комбинации.

Американскиот актер одлично се снајде во улога на модел, што вооппшто не не изненади, бидејќи овој убавец со години работеше како модел за успешни модни куќи, како што е Версаче и други, додека публиката го засака преку бројните серии и филмови.