Џеј Зи јавно му испрати порака на Кање Вест

Џеј Зи јавно му испрати порака на Кање Вест

Кање Вест и Џеј Зи некогаш беа најдобри, а веројатно и најмоќни пријатели на музичката сцена.

Сето тоа се промени кога Кање и Ким се венчаа. Славните рапери се одалечија, а бројните медиуми пренесоја дека до расправата дошло бидејќи Бијонсе не сака да се дружи со Ким. Но на оваа расправија можеби конечно ќе дојде крајот.

Пред година дена, во текот на својата турнеја, Кање му се обрати на својот поранешен пријател кој повеќе не му се јавува и не сакал да провери како е Ким после трауматичниот грабеж во Париз.

Сега на ред дојде турнејата на Џеј Зи, но раперот му прати поинаква порака на Кање. Тој му ја посвети песната Can’t tell me nothin’, и го поздрави со зборовите – Поздрав до Кање Вест. Мир и љубов.

Сепак, Џеј Зи не сакаше Кање да се чуствува премногу важно, па го поздрави и Chance the Rapper.

А дали е ова првиот чекор кон смирувањрто и враќањето на дуото Watch the throne, ни преостанува да видиме.