Џастин Тимберлејк се врати со нов видео запис

Џастин Тимберлејк се врати со нов видео запис

Џастин Тимберлејк се врати на музичката сцена по долгогодишна пауза, со песната Filthy, со која го најавува албумот Man of the woods.

Пејачот реши да да го промени својот стил, па новата песна е во фанки стил, но остана доследен на својот некогашен соработник. Тој повторно соработува со Тимбаланд, кој е заслужен за успехот на неговите претходни албуми.

Пејачот кој оваа година настапува на финалето на Superbowl, новиот албум со 16 песни ќе го објави на 2 февруари. Во текот на наредните денови ќе објави уште три видео записи, кој ги сними со различни режисери.