Деспасито сепак не е најслушана песна за 2017 година

Деспасито сепак не е најслушана песна за 2017 година

Песната која ја одбележа 2017 година е секако Деспасито во изведба на Луис Фонси во дует со Деди Јенки.

Оваа песна многу брзо стекна голема популарност, а од неодамна стана и најгледано видео на YouTube до сега.

Сепак Деспасито не е најслушана песна за оваа година.

Spotify ја објави листата на најслушани песни, изведувачи и албуми во 2017 година.
Иако сите очекуваа доминација на латино хитот, излезе дека оваа година најмногу го слушавме Ед Ширан со неговиот хит Shape of you.

Shape of you е пуштена неверојатни 1,4 милијарди пати.