Денот „Е“ во Скопје

Објавено: 09.03.2017 - 09:45

Elemental и Скопје, љубов која трае 10 години!!!

Драги наши пријатели, познати и непознати :) фанови на омилениот бенд на скопската публика, ни претставува особена чест и задоволство да го најавиме гостувањето на еден од најпознатите хрватски бендови ЕЛЕМЕНТАЛ!!!

После одличните концерти во Загреб и Белград, Скопје е третиот град во кој Елементал ќе настапат со нивното шоу „Денот Е“ Поводот е исклучително значаен, а тоа е 10 годишен јубилеј од нивниот прв настап во Скопје, после сите успешни клубски концерти изминативе 10 години за првпат пред своите фанови ќе настапат на голем концерт во малата сала од вип арената БОРИС ТРАЈКОВСКИ!!!

19 години од нивното постоење, 10 години во Скопје рима, ритам и музика со Елементал. Сабота 18 март С.Ц. Борис Трајковски Старт: 20:30 (вратите се отвораат во 20:00 часот, музичката програма започнува од 20:30)

Влезници во претпродажба во строго ограничен број и по супер промотивна почетна цена за првите 500 булети од 300 денари, потоа 400 денари во ПОЛА ЈУГОТОН и добро познатите места на продажната мрежа купи карти за се. Претпродажбата започнува во среда 8 февруари!!!

Скопје го сака ЕЛЕМЕНТАЛ и ЕЛЕМЕНТАЛ го сакаат Скопје