Денес започна церемонијата за отворање на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг

Денес започна церемонијата за отворање на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг

Точно на пладне по средноевропско време денеска започна церемонијата за отворање на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг. Ова се трети ЗОИ во Јужна Кореја, а ќе траат од 9 до 25 февруари.

Пјонгчанг ќе биде домаќин на вкупно 102 настани во петнаесет различни спортови, односно на 2.952 спортисти од 92 различни земји.

На Олимписките игри ќе учествуваат и спортисти од Северна Кореја и покрај влошените односи меѓу двете земји. Тие настапуваат под заедничко име Кореја и со заедничко знаме.

Македонското знаме на отворањето го носеше Ставре Јада.