Денес се ѕвезди, а ова се нивните први улоги

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 10.04.2017 - 18:13

Иако денес имаат слава, пари, престижни награди, ѕвездите имале прилично скромни почетоци на филмови и телевизии, а еве и неколку од нив како изгледале на почетокот на својата кариера.

Многумина Ellen Page прв пат го видоа во филмот Juno од 2007 година, но глумицата својата кариера ја започна уште на 10 годишна возраст во канадскиот филм Pit Pony.

Денес сите ја знаеме како кралицата од Game of thrones, но Lena Headey имала само 19 години кога во 1992 година се појавила прв пат во филмот Waterland.

Пред улогата на Rachel Green во популарната серија Пријатели, Jennifer Aniston имала неколку улоги на тв и филм, а најзапазена е во брзо прекинатата серија Ferri Bueller.

Се прослави со улогите во The Notebook и Mean Girls, но Rachel McAdams првото појавување го имала во серијата Shotgun Love Dolls.

Не е тајна дека пред улогата во Glee, Lea Michele имаше големо искуство на Бродвеј, а на малите екрани прв пат се појави во 2000 година во улогата на девојчето Семи во серијата Third Watch.