Delta Funktionen во четврток на Desonanz 2017

Delta Funktionen во четврток на Desonanz 2017

Истакнатиот ветеран на светската хаус, техно и електро сцена, Delta Funktionen од Берлин, овој четврток (седми декември) ќе настапи во МКЦ како дел од клубската програма на деветтото издание на фестивалот Desonanz, во соработка со фестивалот Taksirat.

Сетовите на Delta Funktionen се легендарни во својата техничка софистицираност и прецизност како и сировата креативна енергија која го движи подиумот низ неговите препознатливо долги сетови. Оваа година Delta Funktionen со неговите настапи ги запали берлинските Tresor и Berghain, ја започна својата резиденција во Shelter Amsterdam и приреди незаборавна журка во клубот Epicentar во Скопје.

За своите сетови, Delta Funktionen вели дека раскажува приказна која не води низ непознати градови од иднината исполнета со широка палета на бои и емоции, но и чувство на слобода и забава. Неговата музика е подеднакво технички прецизно изведена и раскошно имагинативна, а дискографијата му брои три албуми и бесконечна низа на плочи.

Приказната на вечерта ќе ја започне Apostolski (Drop Series), чии вешти миксови и еклектичен избор совршено ја загреваат атмосферата, а вечерта, завршен збор ќе има Mitrik (Room 313).