Делфини на црногорското крајбрежје предизвикаа воодушевување кај туристите

Германецот Мајкл Бадер кој живее и работи во Бар бил пред два дена на крстарење и успеал да сними неколку делфини.

Видеото е снимено во неделата по враќањето од Плажата на кралицата кон пристаништето на Бар во раните попладневни часови.

Мајкл кој е сопственик на апартманот во Утјеха изјави дека гостите од странство биле воодушевени од глетката која ја виделе на црногорското крајбрежје.