Дела насликани со уста

[03.02.2012 - 11:31 часот]

Од светски Парламенти, до прекрасни антички дворци, сите овие фасцинантни слики имаат едно нешто заедничко - насликани се од уметници кои сликаат со помош на уста или прстите на нивните нозе.

Воодушевувачката колекција на уметнички дела беше создадена од група на хендикепирани уметници кои ја постигнаа својата светска конфирмација преку нивните слики создадени на најдосетлив начин, како држењето на четката за цртање со уста или со помош на прстите на нозете.

Инспиративните уметници се членови на Асоцијацијата на уметници кои сликаат со уста или прстите на нозете во која членуваат повеќе од 800 членови од целиот свет, а нивната работа беше изложена во галеријата за добротворни цели.

Еден од членовите е и Стив Чемберс кој пати од реткиот синдром антрогрипоза заради кој неговите раце и нозе немаат развиени мускули, останувајќи неподвижни уште од неговото рано детство.

Но, ретката болест не го спречила уметникот да пронајде начин да ја изрази својата креативност, па така тој ја има усовршено техниката на цртање со помош на устата.

"Сликам со помош на мојата уста уште од кога помнам за себе. Луѓето помислуваат дека ми е потребна цела вечност за да нацртам нешто, но за мене, користењето на четката со уста е исто како и држењето на лажица во рака кај останатите луѓе", изјавил Чемберс.

Чемберс ја користи својата уста наместо рацете уште кога бил дете, но за него тоа не е ништо чудно бидејќи не знае никаков друг начин и, благодарение на поддршката од неговите родители тој успеал да го надмине неговиот хендикеп и сега е горд автор на многу инспиративни дела.

Таткото на четири деца кој е во брак со неговата сопруга повеќе од 22 години изјавил дека сега е сконцентриран на нова техника со водени бои која самиот ја развил користејќи водени бои и пенкала во боја.

[назад]
Радио МОФ