Дејвид Бекам со децата се забавуваа во Њујорк

Дејвид Бекам со децата се забавуваа во Њујорк

Дејвид Бекам веќе неколку дена престојува во Њујорк заедно со децата, по повод ревијата на Викторија.

Поранешниот фудбалер седеше во првиот ред на шоуто на славната дизајнерка со 15-годишниот Ромео, 12-годишниот Круз и 6-годишната Харпер. Додека траеше аплаузот по презентирањето на колекцијата есен/зима 2018, Викторија со бакнежи ги поздрави своите најважни гости.Дејвид со трите деца беше фотографиран и на аеродромот во Големото јаболко, а слатката Харпер со браќата беа видени додека се забавуваа на лизгалиште.