Дејмон Хил му ја прости грешката на Михаел Шумахер од минатото

Дејмон Хил му ја прости грешката на Михаел Шумахер од минатото

Дејмон Хил се присети на една случка од минатото, каде го обвини Михаел Шумахер дека намерно се забил во него со цел да го неутрализира и да се обиде да ја освои титулата.

Хил и Шумахер имаа свои битки во раните 90 години, додека Хил возеше за Вилијамс а Шумахер за Рено Бенетон.

Хил откри дека моментот кога Шумахер го сецнал 1994 година, на крајот го чинела и освојување титула.

Тој не беше фер кон мене, но му простувам. Штета што не успеавме подобро да се запознаеме. Навистина штета.

Хил најголемиот успех го оствари 1996 година, кога стана и Ф1 шампион во својата четврта сезона. Две години порано беше блиску да го стори истото, но не му успеа поради испадот на Германецот.

Таа 1994 година еден бод ги делеше двајцата возачи, Шумахер водеше на таа спорна трка и беа еден зад друг. Хил го бркаше Шумахер тогаш, кој направи грешка и Дејмон Хил реши да го претекне, за Германецот дали намерно или случајно реши да му застане на патот.

Во тој дуел дојде до судир, по кој ни двата возачи неможеа да ја продолжат трката.