Дечко уништил скулптура од 800.000 долари за селфи фотка!

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 01.03.2017 - 16:05

Понекогаш посетителите на музеи и културни објекти едноставно не знаат кога е доста со правењето на фотографии, па така овој пат настрада уште едно скапоцено уметничко дело.

Имено, само неколку дена откако била отворена изложбата на Јајои Кусама, наречена "Infinity Mirrors", во Вашингтон, посетител на изложбата скршил една од нејзините препознатливи скулптури во форма на тиква додека се обидувал да направи селфи фотка.

Слична таква скулптура беше продадена во 2015 година за неверојатни 800.000 долари, па можеме да заклучиме дека и оваа не била ништо поевтина.

Изложбата на која била изложена и скршената скулптура привлекла голем број на посетители кои доаѓале специјално да направат селфи фотографии за своите Инстаграм профили, а во моментов собата е затворена за посетители сѐ додека не се процени штетата.