Деца, не се дрогирајте!

[20.02.2012 - 12:35 часот]

Карлос Родригез доживеал стравична несреќа во детството која му го одбележила цел живот, во која изгубил дел од мозокот и черепот. "Бев дрогиран, возев и удрив во столб и прелетав преку ветробранското стакло.

Затоа не е добро да пиете, да се дрогирате и да возите. Деца, тоа не е добро", сведочи Карлос во објавеното видео на YouTube.

По несреќата на тинејџерот докторите морале да му ампутираат делови од мозокот и черепот, па така тој сега има "пола глава".

Додека закрепнувал Карлос не одел на училиште, но не ја изгубил надежта.

"Чудо е што сум жив. Сега често одам на фризер и се чувствувам како славен кога луѓето ме застануваат на улица и бараат да се фотографираат со мене", објаснува Карлос.

[назад]
Радио МОФ