Дебакл на Вардарки против Мец

Извор: екипа | Објавено: 05.03.2017 - 19:24

Француските медиуми на големо ја слават победата на ракометарките на Мец во Лигата на шампионите против фаворизираниот Вардар со дури 14 гола разлика (42-28). Подвигот на Мец кој го декласира и го посрамоти до неодамна неприкосновниот состав на Вардар, Французите го споредуваат со оној фудбалскиот на ПСЖ против Барселона.


„Мец го отпиша Вардар како ПСЖ што ја декласира Барселона во фудбал. Три недели по колосалниот подвиг на парижаните против големата Барселона, Мец одново покажа дека во спортот ништо не е невозможно и го понижи македонскиот шампион со 42-28.

Мец прикажа извонредна ефикасност и прекрасна тимска игра за разлика од индивидуалноста  на Вардар и го обебзеди свото место во четвртфиналето од ЛШ“, пишува францускиот „спорт365“.

Голманката Лора Глосер беше една од клучните ракометарки на Мец во големиот триумф против Вардар, заедно со ефикасдната Ана Грос која постигна 12 гола. Според Глосер,  пресврт во натпреварот донел тајмаутот на тренерот Емануел Мајонад во првото полувреме кога Вардар беше во водство со 5-8.

„Беше важно да се има тој „клик“. Ние навистина посакувавме победа во овој натпревар, но ако не беше тој тајмаут во вистинскиот момент, мислам дека немаше да победиме. На почетокот беше тешко за нас, ние тешко доаѓавме до голот, а тие погодуваа од сите позиции и малку недосатсуваше да се одлепат резултатски, но ние не се откажавме, издржавме и на крај победивме“ – истакна голманката на Мец.