Давор Талески својата кариера ја продолжува во Финска

Давор Талески својата кариера ја продолжува во Финска

Давор Талески својата фудбалска кариера ја продолжува во Финска, тој ќе игра во екипата од Лахти, ФК Хонка.

Лахти го договориле Талески на една сезона, а имало простор и за продолжување доколку македонскиот интернационалец ја подобри својата форма и игра.

22 годишниот голман Талески со својата напорна работа и тренинзи полека си го трасира патот кон Европа, па доколку ги потврди добрите перформанси во Финска, несомнено дека во иднина ќе го побара некој повлијателен и поголем клуб.