Дали знаете што значи "hygge" трендот?

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 28.12.2016 - 17:17

Голема е веројатноста дека веќе сте објавиле фотографија на Инстаграм што го носи обележјето "hygge", а не сте ни знаеле! Ви откриваме што значи хаштагот #hygge и од каде доаѓа овој збор, односно тренд кој моментално е најпопуларен на социјалните медиуми.

"hygge" се однесува на трендот кој е инспириран од меките плетени џемпери и ќебиња, топлите чорапи и удобните пижами, опуштените моменти со топло кафе, свеќички и домашни миленици.

Потеклото на зборот доаѓа од Данска, а токму данските блогерки како Изабела Торсден знаат како најдобро да го претстават овој стил на живот. Хаштагот "hygge" на Инстаграм е искористен повеќе од 1.5 милиони пати! Погледнете како изгледа "hygge" стилот на живот: