Дали Ратајковски ги осудила жените без коса?

Дали Ратајковски ги осудила жените без коса?

Емили Ратајковски претрпела напад и мета на критики поради објавата дека жените без коса не се убави.

Имено, 26-годишната манекенка споделила топлес фотографија на Инстаграм со која се пофалила дека е новото заштитно лице на францускиот бренд за нега на коса “Kerastase”.

“Косата е основа на убавината, женственоста и идентитетот. Многу сум возбудена поради тоа што сум новото заштитно лице на “Kerastase”, напишала Ратајковски.

Голем број нејзини следбеници се разбесниле од оваа објава бидејќи, како што тврдат тие, со тоа Емили алудира дека жените кои немаат коса не се убави, а многу жени поради болест се соочуваат со овој проблем.

“Не можам да поверувам дека си го напишала тоа. Одвратно”, “Каков ужасен поглед на работите, навистина си грозна и плитка личност ако го мислиш тоа” и “Колку непромислено, грозно е тоа што девојките кои можеби немаат коса ќе сметаат дека се помалку вредни”, се само некои од коментарите.

NYC NYE

A post shared by Emily Ratajkowski (@emrata) on

По ваквиот скандал, манекенката го избришала спорниот дел од описот на фотографијата.

“Вие, убави жени кои сте ја изгубиле вашата коса, не ја слушајте. Косата не е пресудна за идентитетот и женственоста”, порачале корисниците на Инстаграм со коментар дека Ратајковски е површна.

60s mama

A post shared by Emily Ratajkowski (@emrata) on

“Возбудена сум што сум новото заштитно лице на “Kerastase”. Добредојдовте денови на убавата фризура”, подоцна напишала манекенката на фотографијата.