Дали повторно ќе го видиме овој карактер од "Game of Thrones"?

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 24.02.2017 - 16:38

За малку карактери во серијата "Game of Thrones" можеме да кажеме дека се навистина добри, а како што вели писателот Џорџ Р.Р. Мартин, никој не е целосно добар или целосно лош во неговите книги од серијалот "A Song of Ice and Fire".

Но, ако некој карактери ни се омилени, тоа се волците на децата од семејството Старк. За жал, повеќето од нив видовме дека се убиени, но каде е волкот на Арија Старк, Најмирија?

Последен пат ја видовме волчицата во првата сезона кога Арија мораше да ја пушти откако го нападна принцот Џофри (браво, Најмирија), а сега има најави дека овој сакан карактер ќе се врати во серијата.

Имено, на фан страната "Watchers of the Wall" беше објавено дека актерката Мејси Вилијамс, која ја глуми малата Арија, била видена во Калгари, Канада, каде погодете - се наоѓа компанијата којашто ги тренира волците за потребите на снимањето на серијата.

За гласините да бидат уште поразгорени се погрижија и од самата екипа која ги тренира волците, кои неодамна објавија две фотографии од волци, со описот "Подготвени за работа..." и хаштагот #WinterIsComing.

Ако се водиме според логиката дека белиот волк е Гоуст на Џон Сноу, тогаш вториот мора да е Најмирија! :)