Дали ова е најлошата глума до сега?

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 11.05.2017 - 19:54

Од скоро излезе во јавност трејлерот за новиот филм кој се базира на ликот и делото од легендата за кралот Артур, во режија на Гај Ричи, во кој во една од улогите се појавува и некогашниот англиски фудбалер, Дејвид Бекам.


Но, публиката изгледа не е воодушевена од неговите актерски способности, па фановите почнаа да критикуваат. Што е со неговиот глас? Ужасно звучи кога зборува. Како Викторија кога пее - беше еден од коментарите.

Додека едни ја коментираат актерската изведба на Дејвид, други го осудуваат режисерот Гај Ричи, кој инаку е добар пријател со фудбалерот.