Дали го забележавте ликот на Бијонсе на фустанот од Греми?

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 16.02.2017 - 16:24

Сите веќе добро знаеме дека Бијонсе имаше впечатлив настап на Греми наградите, а во златниот фустан изгледаше како вистинска божица. Но, колкумина од вас го забележаа нејзиниот лик нацртан на фустанот?

Имено, дизајнерот на фустанот, Питер Дундас, за "Vogue" го објасни златниот дизајн кој потсеќа на африканската божица Ошун.

"Сонцето ја симболизира африканската божица Ошун. Дундас исто така додаде дека на колковите има два лика од ангели, додека ликот на Бијонсе е во центарот", пишува престижниот магазин.

Иако на фотографиите од настапот е малку тешко да се забележат ангелите на колковите, но лицето на Бијонсе од друга страна е токму во центарот и ако се загледате ќе го забележите убаво.

Да, тоа е ликот на Бијонсе кој гордо гледа надолу кон близнаците...