Дали Galaxy Note 8 ќе почне да се продава од 15 септември?

Дали Galaxy Note 8 ќе почне да се продава од 15 септември?

Samsung отсекогаш малку каснел со продажбата на смартфоните од високата класа, а така најверојатно ќе биде и со Galaxy Note 8, кој според информациите ќе биде претставен на 23 август, но нема да почне со продажба се до 15 септември и тоа во домашната Јужна Кореја.

Информацијата инаку доаѓа директно од оператор кој треба да го продава телефонот, па би можела да е точна. Кај нас, очекувајте телефонот да биде достапен една до две седмици подоцна, што значи на крајот од септември, бидејќи Samsung ќе мора да се натпреварува и со Apple, кој своите нови iPhone-и, меѓу кои и долгоочекуваниот iPhone 8, ќе почне да ги продава најверојатно во септември.

Galaxy S8 инаку ќе биде смартфон кој ќе има многу сличен дизајн на Galaxy S8 и S8+, но со помалку заоблени агли на уредот и со исто така многу мала рамка околу дисплејот и Edge закривување на страните. Очекувајте супер моќни спецификации, како Snapdragon 835, но за жал Note 8 нема да донесе егзотични новитети, како читач за отпечатоци на прстите вграден под дисплејот. Наместо тоа, тој ќе биде вграден до камерата, која пак ќе биде двојна, што е пионерски потег за Samsung во високата класа. Како и сите свои претходници и Galaxy Note 8 ќе доаѓа со вградено дигитално пенкалце осетливо на притисок.