Дали емоционално го изневерувате партнерот?

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 07.11.2016 - 17:12

За многу луѓе емоционалното неверство е многу полошо и од физичкото. Понекогаш, дури и кога сте во стабилна врска, можете да се затекнете како размислувате за некоја друга личност.

Можеби никогаш не би направиле нешто со таа личност, но и понатаму се прашувате: дали постои нешто повеќе таму?

Ова се знаците дека вашиот однос не е само пријателски, односно дека емоционално го изневерувате својот партнер.

1. Чувствувате дека мора инстинктивно да ги криете пораките од вашиот партнер.

2. Често губите чувство за време кога сте со таа личност.

3. Секогаш наоѓате време за состанок со таа личност, па дури и кога мора да откажете некои други планови и обврски.

4. На дружбите каде доаѓа таа личност, никогаш не го каните и вашиот партнер.

5. Го споредувате партнерот со таа личност.

6. Некои случувања ги споделувате само со таа личност, но не и со партнерот.

7. Често се прашувате што би било кога би биле слободни и би можеле да направите нешто со таа личност.

8. Посебно се дотерувате кога треба да се видите со таа личност, можеби и малку премногу.

9. Често таа личност му ја спомнувате на партнерот, а за тоа да не сте ни свесни.

10. Двајцата ве плаши односот, бидејќи се плашите што би можело да се случи доколку останете насамо.