Дакота Џонсон во бело,Џејми Дорнан со сопругата на премиерата на „Fifty Shades Freed“

Дакота Џонсон во бело,Џејми Дорнан со сопругата на премиерата на „Fifty Shades Freed“

Во градот на светлината беше премиерата на филмот „Fifty Shades Freed“.

Дакота Џонсон и Џејми Дорнан, кои ги имаат улогите на Анастасија Стил и Кристијан Греј, позираа заедно на црниот тепих. 28-годишната актерка носеше бел фустан од модната куќа Prada додека Џејми беше облечен во комбинација од брендот Tods.

На свеченоста во Градот на светлината и љубовта, Џејми беше придружуван од својата сопруга Амелија Ворнер.

Рита Ора, која ја доби улогата на Миа Греј, се појави во впечатлива бела креација од Стефан Ролан.Меѓу гостите беше и Лиам Пејн, кој заедно со Рита ја сними песната „For You“ за саундтракот на филмот.

Премиерата на филмот беше вчера во Cineplexx и се прикажуваше во вкупно 21 термин.