Д Фестивал

Објавено: 22.06.2016 - 00:33

Eдинствениот open-air музички фестивал во Македонија, повторно ги поставува своите шатори на дојранското крајбрежје за своето шесто издание кое ќе се одржува со тридневна програма, од 15 до 17 јули во Дојран.

И оваа година Д ФЕСТИВАЛ создава едно несекојдневно искуство и ја пренесува универзалната порака за љубов и слобода, подготвувајќи за своите посетители многу повеќе од само атрактивна музичка програма и овозможувајќи им воедно да уживаат и бидат дел од уникатната атмосфера.

Британските легенди Dub Pistols ќе ја предводат вечерта за отворање на фестивалот, во петок 15 јули, а наскоро ќе бидат објавени и останатите имиња од музичката програма.