Црвеното вино може да ја намали штетноста на цигарите

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 17.11.2016 - 17:01

И покрај тоа што и на самите кутии има бројни предупредувања за нивната штетност, сепак многу луѓе никако не можат да се откажат од цигарите.

Но, сега имаме барем малку добри вести за пушачите. Имено, новото истражување покажа дека црвеното вино може да ве заштити од штетноста која ја предизвикуваат цигарите.

Црвеното вино содржи високо ниво на фенол, кој го поттикнува создавањето на азотниот оксид кои ги подмладува коронарните артерии. Според студијата објавена во "The American Journal of Medicine", чаша или две црвено вино може да ги заштитат крвните садови и од најголемите штети, како оние кои ги предизвикуваат цигарите.

Меѓутоа, истражувачите од германскиот Универзитет Саарланд предупредуваат дека резултатите од истражувањето не треба да се земаат "здраво за готово", бидејќи во фокусот биле привремените пушачи, а не зависниците. Сепак, резултатите покажале дека црвеното вино делува како штит за артериите.

Истражувачите ги испитувале различните биопроцеси во крвта и крвните садови кај 20 непушачи кои се согласиле да испушат по три цигари. Половината од испитаниците пиела црвено вино еден час пред пушењето, додека нивото на алкохол во крвта не било поголемо од 0,75 промили. Примероците од крвта и урината покажале дека испитаниците кои консумирале вино пред цигарите немаат промени во ќелиите во крвните садови.

Бидејќи истражувањето било ограничено на млади непушачи, не е јасно дали резултатите се однесуваат и на постарите, болните или хроничните пушачи, па треба да се земат со одредена доза резерва.

Сепак, доколку сте пушач, ете причина повеќе да се напиете чаша црвено вино пред да се препуштите на уживање во пороците.