Црн метал и бетон за несекојдневно поткровје

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 09.02.2017 - 16:47

Кога помислувате на модерниот индустриски дизајн, сигурно не замислувате употреба на црниот метал во толкава мера. Токму тоа е она што го прави ова поткровје несекојдневно, па не може да ги остави рамнодушни љубителите на дизајнот.

Замислено и реализирано од страна на Силвио Стефани, во соработка со компанијата за мебел "Minacciolo", ова поткровје во Милано го носи индустрискиот дизајн на едно сосема ново ниво.

Употребата на темните бои, црните метали и бетонскиот под, му дава на ова поткровје мистериозност и посебен шарм.

"Црниот метал и изгореното дрво се спојуваат заедно за да создадат една сценографија на околината која остава впечаток на динамична и отворена средина", велат дизајнерите во "Minacciolo".

Секоја "соба" во ова поткровје има посебен креативен детаљ кој ги меша металите со црна или сива боја.