„Чик Кориа електрик бенд “ во Скопје

„Чик Кориа електрик бенд “ во Скопје

„Чик Кориа електрик бенд“, легендарен џез состав предводен од култниот џез пијанист,  на втори јули ќе гостува во Скопје во „Метрополис арена“.Концертот е дел од светска турнеја и македонската публика првпат ќе има шанса да го слушне во живо проектот, кој засекогаш ќе остане како дел од музичката револуција во џез музиката.

„Чик Кориа електрик бенд“ е еден од неколкуте џез состави кои дефинитивно внесоа револуција во уметничката форма во џез-музиката. Нивниот истоимен деби албум од 1985 година пристигна како гром од ведро небо, спојувајќи неколку правци: џез, рок, латино и фанк.

Групата во текот на осумдесеттите и деведесеттите години издаде неколку албуми, коишто извршија огромно влијание од хип-хоп музиката, до сите најдобри џез музичари на денешнината.

Чик Кориа е пијанист, композитор и лидер на бендот, член на џез “Hall of Fame” и NEA Jazz Master, и еден е од уметниците со најголем број на номинации во историјата на „Греми“ со дури 63 номинации и 22 освоени награди. Тој компонира музика од класичен стил до авангарда, бебоп до џез-фјужн, детски песни до камерни и симфониски дела.  „Њујорк тајмс“ го дефинира “Кориа како „светлост на врелата и вечна младост.”