Чудо на новата технологија[04.02.2012 - 12:28 часот]
|
Иднината во која ќе управуваме со новите електрични автомобили можеби е пред нашите врати, но "Audi" реши да го скрати времето за чекање со новиот дизел мотор кој со специфичниот сооднос на сила и зафатнина може да се мери со спортските бензинци.
"BiTDI" што ја означува технологијата на директно вбризгување на гориво потпомогнато со два турбо полначи, му овозможи на "Audi" од моторот V6 да добие 313 коњски сили, и дури и 650 Nm вртежен момент од 1,450 до 2,800 вртежи во минута.

Уредно сместен под капакот на новиот "A6" автомобил, тој мотор ќе може да спринта до 100 км/ч за само 5,1 секунда, со просечна потрошувачка од 6,4 литри гориво на стотина километри во комбиниран циклус.
За преносот на силата стандардно е задолжен осмостепенскиот "Tiptronic" и интегралниот погон "Quattro" со технологијата на векторирање на вртежниот момент и блокадата на диференцијали.
Сега за сега, најмоќниот дизелски V6 мотор на "Audi" е достапен во моделите "A6" и "A7 Sportback", а до крајот на годината ќе се појави и под капакот на моделот "Q7".
| [назад] |















