Червар го објави скратениот список за Светското првенство

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 30.12.2016 - 22:12

Откако неодамна предизвика контраверзии со својот проширен список, на кој не се најде голманот Борко Ристовски, сега селектрот на машката ракометна репрезентација, Лино Червар, го објави и скратениот список на кој се најдоа 21 ракометар.

Овие ракометари најверојатно ќе нѐ претставуваат на Светското првенство во Франција во 2017, а велиме најверојатно бидејќи конечниот список ќе биде ојавен после Божикните празници.

Поради настапот на Филип Талевски, Мартин Велковски и Марко Нелоски на Квалификациите за СП за млади во истиот период во кој сениорите ќе ги играат и пријателските средби против Босна и Херцеговина, Червар се одлучи за 21 ракометар.

Со ова заврши и првата фаза од подготовките во Маврово, а следната фаза ќе продолжи со редовни тренинзи во понеделник, а на 3, 4 и 5 јануари момците ќе одиграат пријателски натпревари со репрезентацијата на Босна и Херцеговина.