Чави: Сонувам да ја предводам Барселона

Извор: Кајгана | Објавено: 07.03.2017 - 15:27

Легендарниот фудбалер на Барселона, Чави Ернандес, вели дека сонува еден ден да биде тренер на клубот од „Ноу Камп“ и напоменал дека тоа сигурно нема да се случи наредната сезона.


Барселона по завршувањето на сезоната ќе добие нов тренер, откако актуелниот предводник Луис Енрике, најави дека го напушта клубот.

По оваа објава медиумите започнаа да лицитираат со името на неговиот наследник, меѓу нив го нема Чави кој рекол дека нема доволно искуство.