Чави откри дека ова му е последна година како фудбалер

Чави откри дека ова му е последна година како фудбалер

Чави откри дека ова му е последната година од активната кариера како фудбалер.

Шпанецот кој има 37 години и во моментот настапува за АЛ Сада од Катар, потврди дека е време да се каже збогум.

Одличниот виртуоз од средината на теренот, во кариерата има играно само за два клуба, Барселона и Ал Сад каде што е сега, а пристигна во 2015 година. Минатата сезона во Катар ја заврши со 10 гола и 16 асистенции.