Часот на раѓање зборува за карактерот

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 27.09.2013 - 09:36

Секој саат има одредена астролошка фрекфенција која ја диктира енергијата на човекот. Според тоа, оние кои се родени од полноќ до зората се смирени, а попладневните деца се со немирен дух.

Шест главни временски периоди во денот


Денот е поделен на шест временски единици, периоди кои ја диктираат биоенергијата на човекот како и неговите карактерни особини зададени според саатот на неговото раѓање. Секоја од тие т.н. временски станици го диктира човечкиот карактер заедно со влијанието на планетите.

Првиот период е од полноќ до 4 часот наутро, вториот од 4 до 8 наутро, третиот од 8 часот до пладне, четвртиот од пладне до 16 часот, петтиот од 16 до 20 часот и шестиот од 20 часот до полноќ.

Ноќните деца се сонувачи

Луѓето родени од полноќ до 4 часот наутро ги краси мечтаечки дух, голема фантазија и чувствителност. Понекогаш имаат проблеми со соочување со реалноста, а верни им се на своите идеали кои не ги менуваат од детството. Често се двоумат меѓу своите цели, заради што стануваат и немирни.

"Ранобудниците" се најупорни

Луѓето родени меѓу 4 и 8 часот наутро се упорни во сето тоа со што се бават. Тие се животни практичари и тешко може да бидат изненадени - како однапред да се подготвени за сите потешкотии во животот. Тие имаат голема желба да го остварат тоа за кое што другите сонуваат, а во тоа вложуваат и многу труд. Најчесто се многу интелигентни, но тоа не им носи голема материјална корист.

Препладне се раѓаат оптимисти и филозофи

Луѓето родени меѓу 8 наутро и пладне со својата присутност ги орасположуваат сите околу себе. Амбициозни се и големи се шансите да успеат во животниот план, а во приватниот живот се оптимисти и продуховени. Тие сакаат да филозофираат за смислата на животот и меѓучовечките односи, а поседуваат и бројни уметнички таленти.

Децата родени попладне се енергични и креативни

Разигран карактер, љубопитна природа и многу енергија најдобро ги опишуваат луѓето родени меѓу пладне и 16 часот. Создадени се да бидат учители, математичари и големи говорници. Во меѓучовечките односи се склони кон конфликти, но на истите животот без повремена драма во секој случај би им бил досаден.

Родените доцна попладне се бунтовници

Луѓето родени меѓу 16 и 20 часот ги краси немирен дух кој секогаш ги води во нови и непознати ситуации. Тие се општествени бунтовници, а нивната енергија е вистински подарок. Сепак, последица на тоа може да бидат и склоностите кон потешкотии и нервоза. Иако делуваат брзоплето, тие речиси секогаш имаат план, па не треба да се грижат за нивната иднина.

Вечерните деца се полни со самодоверба

Луѓето родени меѓу 20 часот и полноќ се природни водичи, а нивниот доминантен дух брзо освојува. Тие се полни со самодоверба и тешко е да ги предомислите, а најмногу патат ако другите им го повредат егото. Специфични се по тоа што им е неопходно одредено време од денот да поминат сами, за да ги соберат мислите и да се наполнат со енергија за дружење со другите.