Чаша здрав напиток кој ќе ви даде енергија за целиот ден!

Чаша здрав напиток кој ќе ви даде енергија за целиот ден!

Најдобриот и најздравиот појадок е конечно откриен, па ќе подготвите супер здрав и интересен пијалок без да потрошите многу пари полесно отколку што мислите.

Она што е предност кај ваквите пијалоци е фактот што не ви требаат многу намирници, па затоа производите кои ви се потребни како состојки ќе ви траат некое време, а бидејќи се ставаат во мали количини, ќе можете да ги користите повеќе пати.

Смутито е многу популарен пијалок и можеби единствениот напиток во светот во кој можете да ставите разни видови на овошје и зеленчук, а истиот да остане вкусен. Веќе е познато дека овој пијалок го забрзува метаболизмот, но исто така го поттикнува и разградувањето на масните клетки.

Тој е хранлив и освежувачки, а истиот може да биде одличен сојузник во губење на вишокот килограми.

Потребни состојки:

• ½ шолја незасладено бадемово млеко

• половина замрзната банана

• ½ шолја замрзнати цреши (вишна или некое црвено овошје)

• 1 лажичка какао во прав

Подготовка:

Ставете ги сите состојки во блендер и мешајте додека не добиете кремаста текстура. По потреба, додадете бадемово млеко за да ја добиете посакуваната густина.

Ваквото смути е совршен напиток за секој дел од денот, а за негова припрема можете да користите намирници кои најмногу ви одговараат.