Цензурирани фотографии на Инстаграм?

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 24.03.2017 - 13:56

Популарната апликација Instagram во последниот период направија неколку големи промени во начинот на функционирање и во изгледот на апликацијата.


По серијата промени, Instagram објавија дека наскоро ќе ги замаглуваат видеата и фотографиите со осетлива содржина. Корисниците сеуште ќе може да ја прегледаат содржината, но ќе мора да кликнат на неа. Не е јасно каков тип на осетлива содржина ќе биде заматена, односно каква содржина ќе биде опфатена. Не изгледа дека компанијата ќе ја промени стратегијата кога се работи за објавувањето на сликите и видеата, туку дека само сака да се справи со корисниците кои пријавуваат дека не им се допаѓа тоа што го гледаат, иако објавената содржина не се коси со моменталните критериуми на Instagram.

“Иако содржината која е објавена не е спротивна на она што го имаме како критериум, сепак заедницата на корисници ја пријавила како несоодветна и мораме да реагираме според пријавеното” изјави Генералниот Директор на Instagram Kevin Systrom. “Оваа промена значи дека ќе имате помалку шанси да сретнете навредлива или друга содржина која мислите дека е несоодветна за Вас.”

На крај, како чин на креирање на попријателска и подобра заедница на корисници, Instagram ќе организираат “InstaMeets” на глобално ниво, каде корисниците ќе може да се запознаат и да се зближат.