Божицата во бронзен фустан

[31.01.2012 - 23:11 часот]

Таа е најуспешната австралиска манекенка по Ел Мекфирсон која беше позната како "Телото" во 80-те години, па затоа не е големо изненадување тоа што Миранда Кер беше една од главните гости на отворањето на наградната церемонија на Австралиската академија за кинематографска и телевизиска уметност.

"Ангелот" на реномираната куќа за долна облека "Victoria's Secret" (28) дефинитивно го зголеми публицитетот на првото доделување на австралиските оскари кога се појави во Оперската Куќа во Сиднеј со нејзиниот секси бронзен фустан кој ги откриваше нејзините долги нозе.

Кер изгледаше навистина божествено на црвениот ќилим додека позираше во впечатливиот фустан на австралиската дизајнерка Колет Данинген кој го искомбинира со нежни потпетици со ремчиња.

Имено, Миранда беше една од неколкуте познати австралиски ѕвезди кои беа презентери на новата церемонија што ќе ги замени досегашните Австралиски Филмски Награди и, очигледно возбудена поради нејзината нова улога, на својот Твитер профил објави неколку фотографии од внатрешноста на архитектонското чудо на Оперската Куќа.

"Штотуку завршија "AACTA" доделувањата - прекрасна ноќ за австралискиот филм и телевизија", напиша Кер на својот профил.

Освен Кер, на доделувањата се појавија и Кејт Бланшет која носеше прекрасен златен фустан од Александар Меквин, како и актерот кој е добитник на Оскар - Џефри Раш.

[назад]
Радио МОФ