Бостонскиот тим на полициски специјалци посвои маче!

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 16.02.2017 - 22:07

Во последниве 4 години специјалната единица на Бостонската полиција има неофицијална маскота - уличното маче по име "SWAT cat" (SWAT истовремено е кратенка за специјалната полициска единица), кое еден ден дошло во полициската станица и никогаш не заминало.


SWAT-мачето е омилено меѓу сите полицајци, а сега тоа доби прекрасен подарок - мини мачешко-полициска станица само за него!

Полицаецот Џејми Пјетроски и неколку негови колеги останувале со денови по неколку часа после работа за да ја направат новата куќичка на SWAT.

SWAT веднаш се вселила во својата нова куќичка, а ние посакуваме да гледаме вакви работи и кај нас!