BMW X2 SUV доаѓа во Јануари!

BMW X2 SUV доаѓа во Јануари!

BMW потврдија дека новиот X2 SUV ќе дебитира на North American International Auto Show во Детроит во јануари, покрај новите i8 Roadster и i3 моделот – првиот комплетно електричен хечбек на BMW.

X2 е последниот модел на BMW кој ќе се приклучи на нивната SUV линија, и ќе се смести помеѓу X1 и X3 со кои ќе дели многу од компонентите, како на пример UKL2 платформата од помалиот X1. Тоа значи дека сите понудени мотори ќе бидат 4-цилиндрични, со отворена можност за plug-in хибридни варијанти во иднина.

Изгледот ќе му биде скоро идентичен на X2 концептот од Paris Motor Show во 2016. Ќе го има истото меѓуоскино растојание од X1, а ќе биде 70mm понизок од него – што го прави посличен на хечбек отколку на купе-SUV. Багажникот ќе му биде со волумен од 470 литри, што е за 35 помалку од оној на X1. Основниот модел инаку ќе доаѓа со 17 инчни тркала, додека поскапите тримови со 20.

При лансирањето понудени ќе бидат моделите sDrive20i – бензинец со погон на 2 тркала, и xDrive20d и xDrive25d дизел варијантите со погон на сите тркала.

sDrive20i ќе има 230 коњски сили и 450Nm вртежен момент, 7-брзински Steptronic автоматски менувач, забрзување од 0-100км/ч за 6.7 секунди, и CO2 емисии помеѓу 126 и 134g/km во зависност од големината на тркалата.

И двата дизел мотори ќе имаат 8-брзински автоматски менувач, xDrive20d ќе има 190 коњски сили и 400Nm вртежен момент со CO2 емисии помеѓу 121 и 126g/km, додека xDrive25d ќе има 230 коњски сили, 450Nm вртежен момент и CO2 емисии помеѓу 133 и 139g/km.

Новиот BMW X2 SUV ќе биде понуден со Se, Sport, M Sport и M Sport X спецификации, а во продажба треба да се појави на средината на ноември 2018, со цена од околу 38 400 евра за 20d SE моделот.