BMW M5 во Need for Speed No Limits!

BMW M5 во Need for Speed No Limits!

Германците објавија дека по M3 Coupé (1999), M4 Coupé (2014) и M2 Coupé (2015), сега и новиот M5 веќе е дел од играта Need for Speed No Limits за мобилните уреди.

За прв пат корисниците имаат можност да одберат луксузен спортски автомобил после последната промоција на Xtreme Racing Championship. Учесниците можат да се регистрираат и да учествуваат во шампионатот од 2 до 9 февруари, а оние кои ќе бидат дел од него веќе можат да „влезат“ во менито на автомобилот. BMW M5 располага со 4.4 литарски V8 битурбо-мотор со технологија M TwinPower Turbo, кој е во состојба да генерира максимална моќност од 600 коњски сили и вртежен момент од 750 Nm.

Новото BMW M5 забрзува од 0 до 100 km/h за 3,4 секунди, а максималната брзина на движење е електронски ограничена на 250 km/h (305 km/h при избор на M Drivers Package ).

Развиена од BMW M GmbH, новиот систем за движење на четири тркала, M xDrive, работи со централна разводна кутија со мултидиск конзола и извонредно ја распределува моќта помеѓу предната и задната оска. За оптимално однесување на подлогата при сите метеоролошки и патни услови придонесува Активниот М диференцијал на задната страна, кој што е целосно променлив и осигурува блокада помеѓу 0 и 100%. Моделот на M xDrive може да биде индивидуално одделен. На располагање се пет различни конфигурации, базирани на комбинациите помеѓу режимите на DSC (DSC on, MDM, DSC off) и режимите на M xDrive (4WD, 4WD Sport, 2WD).