BMW ќе го патентира дизајнот на новото X2

BMW ќе го патентира дизајнот на новото X2

Патентни скици на новото крос-купе на BMW – X2 се појавија на интернет-просторот и како што се очекуваше, премиерата на автомобилот ќе се одржи на автосалонот во Франкфурт, а продажбата ќе стартува во почетокот на 2018 година.

Веќе може да се каже дека сериската опција ќе биде доста умерена од минатата година претсавениот прототип – BMW X2 Concept. Ако се суди според скиците, моделот нема да биде толку агресивен како концептот, кој остави впечаток со острите фарови, тесната задна оптика и браниците со огромни всмукувачи за воздух.

Технички новата X2 ќе биде идентична со последната генерација на кросоверот X1, која е изградена на платформата со преден погон UKL. Приодот и процесот на надгардба не е никакво изненадување, бидејки Баварците имаа сличен пристап и кај останатите кросовери – X6 е купе-верзија на X5, а X4 претставува спортско X3.
Палетата мотори исто така ќе биде унифицирана. Како BMW X1, така и X2 ќе добие три и 4-цилиндерски бензински мотори, со моќност од 116 до 231 КС Послабите модели и ниски нивоа на опрема ќе бидат со преден, а топ-верзиите – со систем за погон на сите четири тркала xDrive.