BMW го тестира M8 GTE

BMW го тестира M8 GTE

Само 24 часа по објавувањето на скицата од М8 GTE верзијата која е подготвена за Дејтона и Ле Ман, BMW Motors ја изведе нова ѕверка на писта.

Станува збор за примерок кој од фабричка лента е симнат на 1 јули во Динголфинг, а тридневното тестирање на патеката Lauzic поминало во најдобар ред.

Баварците планираат по цели шест години да се вратат на една од најпознатите трка на издржливост во светот, каде што ќе ги одмерат силите со 911 RSR, Ferrari 488, Ford GT и други.

„Горд сум кога ќе го видам М8 GTE на патеката. Сите кои се вклучени во проектот во последниве месеци направиле одлична работа. Засега, нашата задача е целосно да се запознаеме со тоа како автомобилот се однесува, па фокусот е повеќе на безбедноста отколку на перформансите. Сепак, впечаток од патеката е многу позитивен“ – вели директорот на спортскиот оддел на BMW, Јенс Маркварт.