Бизарни правила во Дизниленд!

Бизарни правила во Дизниленд!

И најбајковидното место на светот има свои правила кои управата бара да бидат почитувани, а и логично за место какво што е Дизниленд, но покрај многу погледнете ги овие бизарни и чудни забрани.

1. Забрана за носење на селфи стапови

Со селфи стаповите и дроновите може да се добијат најубавите фотографии од самиот парк, но за жал ова задоволство е скратено за посетителите.

2. Забранет влез за посетители со тетоважи

Во Дизниленд не се добредојдени луѓето кои имаат истакнати и видливи тетоважи на своето тело. Доколку ве забележат со тетоважа ќе мора да го напуштите паркот или пак да ја прикриете тетоважата на соодветен начин.

3. Забрането трчање

Дизнилед сака да уживате во нивните паркови , но пешачејќи. Покрај тоа што не ви е дозволено да трчате не можете ни да возите тротинет, велосипед и ролери.

4. Забрана за хранење на животните.

Доколку некогаш се најдете во парковите на Дизниленд треба да знаете дека не треба да ги храните животните низ целиот парк. Дури ни птиците.

5. Не го прескокнувајте редот

Едно од најригорозните правила во парковите на Дизнилед е да си стоите во својот ред додека чекате да купите карти. Прескокнувањето на редот може да ве однесе кон излезната врата на паркот.