Билетите за „Златна бубамара на популарноста“ се веќе распродадени!

Билетите за „Златна бубамара на популарноста“ се веќе распродадени!

На 22 февруари во ВИП-арената „Борис Трајковски“ ќе се одржи манифестацијата „Златна бубамара на популарноста“, а билетите вчера напладне биле пуштени во продажба и распродадени за 45 минути, информираат организаторите на настанот.

Сепак, поради, како што велат, големиот интерес и повеќе од 9.000 побарувања преку онлајн-сервисот www.mktickets.mk, организаторот наредниве денови ќе ги извести заинтересираните дали ќе обезбеди уште билети преку онлајн-продажбата.